Македонија

Зголемување на бројот на деца во детските градинки

Зголемување на бројот на деца во детските градинки

Вкупниот број на деца во детските градинки е 29.113, што е зголемување за 8,3 отсто во однос на 2012-та година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Со годишните извештаи се опфатени 55 јавни и чети приватни установи за згрижување и воспитание на деца- детски градинки.

Овие установи обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата во согласност со нивните
развојни потреби на возраст до 6 години, во повеќе групи.