Зголемувањето на платите и пензиите, дополнително ќе ја раздвижи економијата

Додека Грција и ред европски земјите сеуште мака мачат со долговите и нивното враќање кон кредиторите, и во исто време воведуваат нови реформи и мерки за штедење за спас на економиите, за Македонија може да се каже дека котира високо на меѓународните финансиски пазари. Имено, вчера грчките медиуми соопштија дека Меѓународниот монетарен фонд, со цел да се подобри ситуацијата во земјата, побарал од Грција да ги намали пензиите и да ја зголеми стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ), нешто што изминативе години многу земји од ЕУ и соседството го направија како одоговор на економската криза, пишува Лидер.

Од друга страна, пак, за неодамнешното предвремено раздолжување, ММФ ја пофали Македонија, а тоа придонесе земјава финансиски да се искачи едно скалило погоре на меѓународниот пазар и да стекне поголема доверба кај своите финансиски партнери.

Дополнително, додека во многу европски земји сеуште на сила се мерките за штедење како последица од економската и финансиската криза, Македонија финансиски е стабилна, па најавени се покачувања на платите, пензиите, социјалната помош. Истовремено, економијата се поттикнува со нови мерки, се отвораат нови можности за невработените лица, фирмите се ослободуваат од плаќањето на придонесите, а даночните стапки се задражаа на исто ниво.

Бројките- показател за успешноста

Во време кога цела Европа и во блиското соседство се намалуваат плати, пензии и социјална помош, Македонија е со најголем раст на економијата, а земјава е меѓу 30-те држави во светот по добрите услови за правење бизнис. Странските директни инвестиции досега вработија над 11 илјади луѓе, а бројката секојднево расте.

Податоците покажуваат дека изминативе осум години се отворени над 130 илјади работни места, а невработеноста од 38% е намалена на 27,6%. Според најавите на надлежните, само годинава се очекуваат уште нови 25 странски копании да објават одлука за инвестициите во земјава. Во капацитетите што ќе се отворат, треба да се отворат дополнителни над 13 илјади работни места.

Пензиите во изминативе години во просек се зголемени за 62%, а најниските пензии се зголемени за 76%. Следното покачување е најавено за во октомври. Покрај ова, за пензионерите се обезбедија многу други бенефиции меѓу кои и тоа што 25.000 пензионери отидоа на бесплатна бања, а оваа година уште 5.000 ќе одат.

За истиот период, социјалната парична помош изминатиов период е зголемена за 47%, а постојаната парична помош за 46%.

Од 2006-та наваму, статистиката покажува дека платите на вработените во администрацијата се зголемени за повеќе од 27%. Станува збор за покачување на платите кое се случуваше во неколку наврати изминатите години а последното покачување беше во октомври 2014 година кога последен пат се покачи платата за 4%.

Дополнително, според најавите на надлежните, платите во јавниот сектор ќе се зголемат за вкупно 21,5%, односно секоја година во октомври вработените во администрацијата да земаат плата покачена за по 5%.

Експерите сметаат дека со зголемувањето на платите и пензиите, дополнително ќе се раздвижи економијата, бидејќи тоа ќе претставува стимул за зголемување на потрошувачката.

-Секое зголемување на платата значи поголема мотивација, поголема мотивираност. Парите се најголема мотивација, па оттаму овде имаме една подршка и поттик за еден слој од општеството кој е многу значаен. Мора да имаме предвид дека се напуштаат оние сфаќања дека администрацијата е бирократизиран дел кој нема функција туку дека е терет во општеството, современите трендови докажуваат дека администрацијата е таа која продуцира услуги и дава подобар квалитет на живеење и со самото тоа таа заслужува подобро место во опшеството. Се работо за едуцирани и способни поединци кои што со своето знаење придонесуваат во функционирањето на бројни системи и од таму подршката што ја добиваат преку зголемување на платите значи компензација на трудот и поголема мотивираност да се подобри квалитетот на нивната работа, смета универзитетскиот професор Јован Пејковски.

Нови мерки за намалување на невработеноста и посилна економија

Најавение сет- мерки од програмата „Македонија Вработува“, освен што ќе се отворат нови работни места за невработените лица од повеќе категории, истовремено ќе придонесат за раздвижување на пазарот, ќе влијаат на развојот на компаниите, а ќе се забрза и развојот на економијата. Креираниот пакет законски измени ги мотивира компаниите да отвораат нови работни места, бидејќи во одреден временски период, зависно од категоријата на ангажирната работна сила, ќе бидат ослободени од плаќање придонеси и персоналец.

-Со мерките ќе се намалат трошоците за водење бизнис, бидејќи секое вработување, намалено за социјалните придонеси е своевидна директна помош.  Ова е можност за компаниите да селектираат добра работна сила“, оценува првиот човек на Конфедерацијата на работодавачи, Миле Бошков.

Мерките ќе важат една година, а дизајнирани се на начин на кој ќе се избегнат евентуалните злоупотреби од страна на компаниите, пишува „Лидер“