Зграда со посебни влезови за богати и сиромашни ќе се гради во Њујорк

Контроверзен проект за градење зграда со посебен влез за богати и сиромашни е одобрен од страна на властите во Њујорк.

Станарите ќе живеат заедно на иста адреса, но нема да влегуваат низ иста врата.

Зградата ќе биде недалеку од Централ парк и реката Хадсон, а станарите во зависност од длабочината на џеповите ќе влегуваат на голема, главна врата или на споредна до која се доаѓа од малата, скриена улица.

Според американските прописи големи станбени единици можат да се градат само доколку во нив е предвиден и еден број социјални станови. Зградата на „Екстел“ ќе има 219 станбени единци од кои 55 социјални.

Станарите со поплитки џебови ќе можат да изнајмат гарсоњери и двособни станови меѓу вториот и шестиот кат по цена од 845 до 1.099 долари. За оние кои немаат проблеми со парите продажната цена ќе  достигне до 1.000 долари по метар квадратен.

„Врата за сиромашни“ не е ништо ново. Неколку згради во Њујорк веќе имаат посебни влезови за сопствениците и потстанарите кои обично немаат дозвола да користат некои погодности како што се базен и фитнес сала.

Претставникот на Менхетен вети дека во иднина слични проекти ќе бидат забранети бидејќи „ја фаворизират дискриминацијата меѓу Американците“.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.