ВИДЕО: Станбена зграда во Египет се урна како кула од карти

Повеќекатна станбена зграда се урна како кула од карти за неколку секунди пред поголема топла во Египет. Еден очевидец успеал да сними шокантно видео, додека другите бегаат од зградата што се урива.

Зградата почна да се урива од првиот кат. Додека паѓаше надолу, зградата удри во повеќе далноводи поради што истите експлодираа.

Засега не е позната точната локација на зградата, ниту пак кога се случил инцидентот. Снимката се појави на интернет на 14-ти јануари годинава.

Засега нема известувања за евентуални жртви или пак за тоа дали имало луѓе во зградата за време на уривањето.