Жалам за тоа што се случи со Тамара, ќе се испита дали некаде имало пропуст

Министерот за здравство Никола Тодоров чуствува големо разочарување и жали за смртта на деветгодсишната Тамара Димовска од Велес. Изрази сочуство до семејството и изјави дека за овој случај направил се што било во негова моќ, пренесуваЗдравство24

-Пред неколку месеци кога дознав за болеста на Тамара, ја викнав директорката на ФЗОМ и ја замолив да се реши позитивно предметот. Тоа и се случи. Потоа го замолив и турскиот експерт во спиналниот центар да го прегледаат уште еднаш девојчето. Добив одоговр од него дека случајот е многу тежок и не може да биде оперирана во посочениот центар во Турција. Потребно беше да се соберат експерти од повеќе центри, изјави министерот за здравство Никола Тодоров ден по смртта на Тамара.

Вели дека ќе се испита дали на конзилијарното мислење стоела назнака итно и како се одвивала целата процедура со лекувањето на девојчето. Одговорност засега нема од никој.

Денеска Тамара беше погребана во Велес. Почина вчера и не дочека да замине на лекување во странство. Девојчето имаше тежок деформитет на рбетниот столб. Случајот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Граѓаните разочарани и гневни бараат одговори но и одговорност од здравствените власти.