ЖАЛНА ВЕСТ: Почина член на мото клубот Ноќни волци

Утрово претседателот на мото клубот Ноќни Волци, Ленин Јовановски на својот Facebook профил објави една жална вест која ви ја пренесуваме во целост.

„Со голема тага ве известувам дека нашииот клубски брат Сашо Николов (Сашо-макпетрол) почина рано утрово.

Неговата последна желба беше да биде испратен до неговито вечно почивалиште од нас моторџиите.

Кој е во можност утре од 10:30-11:00 со моторите ќе се собереме пред кафе бар Ван Гог за да формираме колона и да го испратиме како што тој посака.

Бог да го прости“ , стои на профилот на Јовановски.