Жална вест за љубителите на Nutella

Поради уништените посеви со лешници во Турција, љубителите на Nutella ќе треба да платат повисока цена, доколку сакаат да уживаат во нејзиниот вкус.

Невремето што ја зафати Турција годинава уништи околу седумдесет проценти од посевите на лешници, наменети за производството на Nutella.

Засега штетата не е утврдена, но Турците најавија дека ќе успеат да произведат само 540.000 тони од предвидените 800.000 за оваа година.

„Ferrero“, компанијата која стои зад производството на Nutella, е најголемиот купувач на лешници во светот. Таа купува дури 25% од достапното количество.

Добрата вест е што цените барем кај „Ferrero“ веројатно нема да скокнат толку многу, бидејќи неодамна купи значителен број акции во турската компанија Oltan Gıda која важи за најголем турски извозник на лешници.