Жан Клод Јункер би можел да го наследи Баросо

Премиерот на Луксембург, Жан Клод Јункер, ќе биде кандидат на Европската народна партија за претседател на Европската комисија по пролетните избори во ЕУ, пишува бриселскиот портал „ЕУ обезрвер“.

Тој ќе се кандидира во име на најбројната пратеничка група во Европскиот парламент и веќе обезбеди поддршка од германската канцеларка Ангела Меркел, чија партија е дел од умерено десничарската група.

Најголемиот противник на Јункер ќе биде социјалдемократот Мартин Шулц, актуелен претседател на ЕП, а во трка е и Белгиецот Ги Верхофштат, шефот на либералите и Скал Келер од партијата на Зелените.

Изборите во Европскиот парламент ќе се одржат во мај, откако шефовите на земјите членки, по неформалните консултации, ќе го предложат наследникот на Жозе Мануел Баросо, на кого му истекува мандатот.