Спорт

Ждрепка за ЕП 2016, Македонија во петтиот шешир

Ждрепка за ЕП 2016, Македонија во петтиот шешир

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги објави сите поважни детали кога е во прашање ждрепката за престојниот квалификациски циклус за Европското првенство во 2016 година, кое ќе се одржи во Франција.

Нашиот национален тим ќе биде сместен во петиот по квалитет квалификациски шешир, но за разлика од претходните европски првенства во Франција ќе обезбедат пласман 24 репрезентации.
Директно во Франција ќе се пласираат девет најдобри селекции од квалификациските групи, сите девет второпласирани репрезентации, и плус една најдобра третопласирана селекција од сите групи. Преостанатите осум третопласирани репрезентации меѓу себе ќе играат бараж за последните четири места.

Ждрепката е закажана за 23 февруари, а друштво на Македонија во петтиот шешир ќе и прават и репрезентациите на Исланд, Северна Ирска, Кипар, Албанија, Литванија, Молдавија, Азербејџан и Грузија.

КВАЛИТАТИВНИ ГРУПИ ЗА ЖДРЕПКАТА ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2016

Прв шешир: Шпанија, Англија, Португалија, Грција, Русија, Холандија, Италија, БиХ

Втор шешир: Хрватска, Белгија, Украина, Шведска, Данска, Швајцарија, Чешка, Унгарија, Ирска

Трет шешир: Турција, Словенија, Израел, Србија, Норвешка, Словачка, Романија, Австрија, Црна Гора

Четврти шешир: Ерменија, Полска, Шкотска, Финска, Летонија, Бугарија, Естонија, Белорусија, Велс

Петти шешир: Исланд, С. Ирска, Кипар, Албанија, Литванија, Молдавија, МАКЕДОНИЈА, Азербејџан, Грузија

Шести шешир: Луксембург, Казахстан, Лихтештајн, Фарски острови, Малта, Андора, Сан Марино, Гибралтар