ЖДРЕПКА за Лигата на Европа: Крсте Велковски против Мехенгладбах

Репрезентативниот напаѓач Крсте Велкоски со својот ФК Сараево ќе игра против германскиот бундеслигаш Борусија Мехенгладбах во последната четврто квалификациско коло од Лигата на Европа за пласман во групната фаза од ова натпреварување.

Сараево го доби еден од најтешките можни противници, но и извонредна шанса за докажување на својот квалитет преку кој стигнаа до можноста да се изборат за историски прв настап во групите на едно европско натпреварување.

Од останатите македонски интернационалци, Адис Јаховиќ со Ријека ќе се соочи со молдавскиот Шериф Тираспол, додека новопечениот репрезентативец Бесарт Абдурахими, кој пред два дена потпиша со белгиски Локерен, ќе игра против англиски Хал.

Новиот македонски репрезентативец, Аријан Адеми со Динамо Загреб ќе се соочи со романскиот Петролул.

Првите натпревар од плеј-оф рундата за Лигата на Европа се играат на 21.август а реваншите се седум дена подоцна.