Железничка несреќа во Индија

Најмалку четири лица загинале, а осум се повредени кога патнички воз излетал од шините во источната индиска држава Бихар.

„Локомотивата и 11 вагони утрово излетале од шините во близина на станицата Голден гранч, недалеку од градот Чапра“, изјавуваат локалните власти.

Причината за несреќата сеуште не е позната.

За време на несреќата во возот се наоѓале околу 500 патници, а возот сообраќал од Њу Делхи кон Дибругар во државата на Асам, на североистокот од земјата.

Железничката управа и полицијата отвориле истрага за вмешаност на маоистичките бунтовници, кои се активни во источна и централна Индија.