Железничка несреќа во Романија однесе една жртва

Едно лице загина, а две други се потешко повредени попладнево кога воз што се движел на релацијата Букурешт-Сучава, удрил во камион на железнички премин во близина на градот Баку во североисточна Романија, објави МИА.

При ударот еден од вагоните на возот излетал од шините.

Во несреќата загинал возачот на камионот, додека машиновозачот и еден патник се здобиле со посериозни повреди, но се вон животна опасност.

Романските медиуми јавија дека при несреќата се повредни уште неколку патници, но по укажаната медицинска помош тие биле пуштени на домашно лекување.