Железничка несреќа во Русија, четворица загинати

Четири лица се загинати, а најмалку 15 се повредени во железничка несреќа која денеска се случи во Нарофоминскиот регион, на 55 километри југозападно од Москва.

Како што соопштува руската полиција, до несреќата дошло кога вагони од товарен воз излетале од шините и удриле во патнички воз кој сообраќал Москва-Кишињев.

Бројот на жртвите би бил поголем доколку на местото на несреќата веднаш не пристигнале медицински и спасувачки тимови.