Жељко Јоксимовиќ го наполни стадионот Филип Втори

Громогласно пеење од грлата на десетици илјади фанови ечеше од Арената Филип Втори во Скопје.

Жељко Јоксимовиќ одржа концерт во Скопје пред околу 50.000 луѓе, а меѓу гостите беше и Лепа Брена, пишува српски „Блиц“.

zeljko1-500

Брена ја израдува македонската публика со изведба нa една стара македонска песна, а гости на концертот беа и Даниел Кајмакоски, Жељко Самарџиќ и Рибља Чорба. Јоксимовиќ, специјално за својата сопруга Јована ја отпеа „Јовано Јованке“.

Српски „Телеграф“ пишува дека во фантастична атмосфера, пред околу 70.000 луѓе, Јоксимовиќ синоќа одржал концерт во македонската престолнина во траење од околу три ипол часа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.