Крими хроника

Жена од Петровец малтретирана, па ограбена

Жена од Петровец малтретирана, па ограбена

Тројца маскирани и оружени разбојници вчера вечер ја ограбиле 55-годишната Ж.Ѓ. од скопското село Петровец.

Според првичните информации од полицијата, тие ја врзале жената, па започнале да ги проверуваат собите. Од паричник зеле 300 евра и 4.000 денари, па избегале.