Жена отвори оган врз полицијата во Истанбул

Жена отворила денеска оган со автоматска пушта врз полициско возило на плоштадот Таксим во центарот на Истанбул, јави Анадолија, пренесе МИА

Жената по нападот го фрлила оружјето и чантата во близина на плоштадот. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Полицијата го изолира реонот, поставувајќи огради.

Тоа е трет напад врз полицајци во Истанбул овој месец. На 1 јануари вооружен напаѓач беше приведен, откако фрли рачна граната врз полицајци кои го обезбедуваа Долмабахче во Истанбул, која пак не експлодира. Кај мажот подоцна беа откриени автоматска пушка и рачна бомба.

На 6 јануари, жена-самоубиец се разнесе пред полициска станица кај плоштадот Султанахмед – еден од најфреквентните туристички реони на Истанбул. Во терористичкиот напад беше убиен еден полицаец, а друг беше ранет.

Крајнолевичарската група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување отпрвин презедоа одговорност и за двата терористички напади, но потоа ја повлегоа одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад.

фото: МИА