Крими хроника

Жена прегазена од сопствениот автомобил во гостиварско

Жена прегазена од сопствениот автомобил во гостиварско

Педесет годишна жена е тешко повредена откако ја прегазил автомобил. Инцидентот се случил вчера откако С.Х. со нејзината снаа Л.Х. (32) од гостиварско Равен тргнале кон Гостивар со автомобил „Пежо 307“.

Двете жени со автомобилот застанале пред вратата на нивниот сосед и излегле од автмобилот за да поразговараат со него.

Во еден момент автомобилот почнал да се движи наназад, по што С.Х. тргнала во обид да го запре, но се удрила во отворената врата и паднала и била прегазена од левото предно тркало во пределот на рамото.

Со тешки повреди била пренесена во медицинскиот центар во Тетово каде и се констатирани фрактура на десното рамо и на десниот рачен зглоб.