Жена пронајдена мртва во автомобил, сопругот обесен на дрво, трагедија во Ваљево

Утрово околу 10 часот полицијата од Ваљево пронајде две безживотни тела во близина на селото Мионице.

Според првичните информации во автомобил марка „фијат“ прво било пронајдено безживотното тело на 31-годишната М.П, а недалеку од неа полицијата го пронашла и телото на нејзиниот сопруг 31-годишниот А.П., обесено на дрво.

Стравичната глетка ја затекле инспекторите откако дошле на местото по претходна дојава од граѓанин.

Како што јавува Ало.рс, најверојатно станува збор за убиство и самоубиство.

Истрагата е во тек.