Македонија

Жена се породила на бетон пред Гинекологија Чаир

Жена се породила на бетон пред Гинекологија Чаир

Скопјанка вчера напладне се породила пред Гинеколошката клиника во скопски Чаир, јави Прес 24, повикувајќи се на очевидци на настанот.

Според порталот, жената со автомобил дошла пред болницата и затоа што не можела да излезе од возилото, веднаш биле повикани гинеколозите, но тие не излегле да ѝ пружат помош.

– Не можеше да излезе од кола, ниту еден од докторите не излегуваше на помош, иако беа повикани. Во тој момент, жената се породи во кола и бебето и падна на бетонот. Да не бевме јас и уште еден човек, бебето ќе се останеше на бетонот и никој немаше да го чепне – изјавил очевидец, кој додал дека крвта веднаш била избришана од прочникот.

И од болницата го потврдиле настанот но одбиле да кажат во каква состојба се мајката и бебето иако, неофицијално, жената по породувањето се онесвестила.

Наводно, кога дома ја фатиле породилните болки, жената била сама и затоа излегла пред својата куќа и го запрела првиот автомобил кој доаѓал. Човекот застанал и ја однел во болница, но бебето не „издржало“ до породилната сала, за да дојде на свет.