Жена со 5 годишната ќерка в раце се фрлила од трети кат

Србинката Светлана П. држејќи ја во раце својата 5-годишна ќерка се фрлила од третиот спрат на зградата во која живеела. Српските медиуми ја пренесуваат оваа страшна приказна која се случила во Грац, Австрија.

Еден од синовите-близнаци на Светлана во шок.

Според објавените информации, мајката Светлана која била по потекло од Србија најверојатно имала психички проблеми. Живеела во паничен страв од поранешниот маж.

Вчера околу 15 часот на вратата од нејзиниот став заѕвонил еден од двајцата синови близнаци кои ги имала со поранешниот маж.

Таа мислејќи дека е нивниот татко, во паника, го зела детето во раце и скокнала од прозорот на станот.

Случајните минувачи повикале Брза Помош, по што жената и бебето се префрлени во болница. И мајката и ќерката имаат тешки повреди и се борат за живот.