Свет

Жена со нож нападна деца, убиено едно дете

Жена со нож нападна деца, убиено едно дете

Тригодишно дете е убиено денеска во Кина, додека едно постаро девојче е тешко повредено кога на улица со нож ги нападнала жена, јавија кинески медиуми.

Инцидентот се случил во градот Бејхај, во јужната кинеска провинција Гуангси.

Полицијата ја привела осомничената, која има околу 40 години, и од неа одзела кујнски нож. Се претпоставува дека жената имала ментално нарушување.

Повреденото девојче на возраст од девет години, е пренесено во болница.

Не се наведува дали жената на некој начин била поврзана со жртвите.