Свет

Жена во Финска чувала мртви бебиња во подрум

Жена во Финска чувала мртви бебиња во подрум

Полицијата во Финска открила остатоци од пет мртвородени бебиња во состојба на распаѓање во стан во градот Оулу на северот на земјата за што била уапсена една станарка под сомневање за убиство.

Полицијата ја испитува содржината на пакетот кој во подрумот на зградата бил пронајден во вторникот  од работниците задолжени за одржување на објектот.

Жената на 35 годишна возраст за полицијата изјавила дека во пакетот се телата на мртвородени бебиња кои таа ги родила во својот дом пред пет до десет години. Таа е во брак и има деца.

Полицијата се сомнева дека мртвите телата на бебињата биле донесени од нејзиниот претходен стан.