Жената на лидерот на златна зора во куќен притвор

Пратеничката Елени Заруља, жена на притворениот лидер на грчката крајно десничарска Златна зора, ставена е привремено во куќен притвор, додека судиите не одлучат дали да ја испратат во затвор додека чека на судење зaради водење на криминална организација.

Судкото собрание ќе донесе одлука за нејзиниот случај во наредните неколку дена.

Нејзиниот маж, Никос Михајољијакос, претседателот на пронацистичката Златна зора, која некогаш беше маргинална, а сега трета по популарност во Грција.

Михалољијакос и уште шестмина пратеници чекаат на судење во затвор.

До акција на власта против Златна Зора дојде бидејќи еден нејзин поддржувач уби еден левичарски музичар.

Златна Зора порекнува било каква поврзаност со убиството. Датумот на судење на нејзините членови сеуште не е одреден.