Жените изневеруваат се’ повеќе!?

Широкораспространето е мислењето дека мажите се повеќе склони кон неверство, бидејќи во природата им е да „поминат“ што повеќе жени во текот на животот.

Сега се покажаува дека желбата на омажените дами да го прекршат брачниот завет е многу посилна отколку кај мажите.

Сајтовите за запознавања, наменти за луѓе во брак, доживуваат вистински бум, бидејќи корисниците им се зголемуваат со брзина на светлината.

Интересно  е дека, според статистиката, како што пренесува „Дејли мејл“, на ваквите сајтови преовладуваат женските корисници.

Според Трејси Кокс, специјалисти за интимни прашања во “Дејли мејл“, жените се чувствуваат послободно да изневеруваат затоа што повеќето од нив бараат нови сексуални доживувањња.

Популарните книги како „50 нијанси сиво“ ги разгоруваат страстите и апетитите на омажените и во повеќе случаи помалку сексуално активни дами.

Ти решаваат, дека доколку не можат да го добијат тоа што го сакаат во брачните води, ќе го побараат на друго место.

Интернетот, социјалните мрежи и различните сајтови за запознавање само го олеснуваат тој процес.

Според Кокс, жените преживуваат своевидно будење и решаваат дека може да бидат еднакви со мажите дури и во однос на неверството.