Магазин

Жените на менаџерските позиции се едуцирани

Жените на менаџерските позиции се едуцирани

Жените на менаџерската позиција се добро едуцирани. Анализите покажуваат дека имаме менаџери кои имаат се повеќе високо ниво на едукација.

Радува фактот што е  присутен  тренд на постојана едукација, следење на современите менаџерски исукуства, науката во менаџментот и странските искуства. Во македонското стопанство се гледаат успешни примери на менаџирање на жени според најсовремените теоретски и практични форми на менаџментот.

Според ставовите на жените кои се на менаџерска позиција, во нивното менаџирање не се водат од хиерархијата туку од постигнување на ефект на добро функционирање на тимот, почитување на личноста, знаењето, стручноста на вработените. Следењето на македонските компании од аспект на напредокот и во делот на менаџментот и женското претприемништво е многу значајно. Со тоа може да се детектираат состојбите и да се преземаат мерки и активности за подобрување на состојбите и поголем напредок на жената на менаџерската позиција. Жената менаџира успешно, водена и од својата вродена особина да се грижи за семејството, околината, тоа и помага да наметне специфичност во водењето на тимот и компанијата.

Искуствата покажуваат дека и во време кога компанијата се соочува со тешкотии, одлучно презема чекори и ги надминува проблемите. Во македонското стопанство се повеќе се зголемува бројот на жени кои се на менаџерската позиција, а според нив основаната формула за успешност е истрајноста, упорноста и постојаната едукација.

Во таа насока, анализата на темите кои се поврзани со жената и менаџментот се многу значајни за да може да се постигне и поголем успех.Улогата на медиумите е клучна. Посебно признание на Наша ТВ како медиум и на економската емисија „Профит“ со својот водител Марија Георгиевска,  за следење и поддршка на жените на менаџерската позиција и претприемништвото, за својот особен придонес, беше доделено во рамките на неодамнешната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери од  Република Македонија и дијаспората“  во организација на агенцијата „Марили“.