Секс

Жените немаат спонтана желба за секс

Жените немаат спонтана желба за секс

Според најновите истражувања либидото не постои. Она што сметаме дека е сексуален нагон всушност е спонтана желба за секс. А неа ја имаат околу 70 отсто од мажите и околу 10 до 20 отсто од жените.

Се вели дека кај жените прво треба да има стимулација, а потоа желба.

– Нагонот е еволуционен мотивационен систем кој се занимава со прашањата за живот и смрт, како што е гладот или смрзнувањето. Нема да умрете ако немате секс, вели професорката Емили Нагоски. Таа додава дека поголемиот број жени сметаат дека поголемиот број жени мислат дека имаат сексуален нагон само поради начинот на кој мажите ја доживуваат спонтаната сексуална желба.

-Сексуалноста на секоја жена е единствена, како отпечаток од прст, појаснува Нагоски и додава дека секоја жена би требало да биде задоволна од сопствената сексуалност.

– Немате никаков проблем ако немате спонтана желба, ниту пак таа желба е нужна за сексуално задоволство, заклучува Нагоски.

– Според линеарниот модел на сексуално возбудување уште од 70-тите години се смета дека е нормално сексуалната желба да се јави кога очекуваме сексуална стимулација. Тоа важи за поголемиот број мажи, но кај поголемиот жени е обратно, прво возбудување и стимулација, а потоа и желба, објаснува Емил Нагоски.