Жените повеќе сакаат добра дремка и мобилен телефон од секс со партнерот

Сексолозите спровеле истражување за сексот на скоро 4.500 жени од Велика Британија, Бразил, Кина и САД, а резултатите кои се добиени биле навистина збунувачки за нив.

Имено, тие на испитаниците им поставувале прашања за сексот, соновите, парите, технологија и семејните проблеми и грижи, а дури 70 отсто од анкетираните жени признале дека повеќе сакаат добро да се наспијат отколку да имаат секс со партнерот.

Што е уште почудно, голем дел од жените изјавиле дека попрво би се откажале од сексот на три месеци отколку од технологијата бидејќи без интимни односи можат да функционираат, но без мобилен телефон и компјутер не можат да го замислат животот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.