Секс

Жените сексуално се ослободуваат дури на 31 година, а мажите дури три години подоцна

Жените сексуално се ослободуваат дури на 31 година, а мажите дури три години подоцна

Жените се сексуално најслободни во дури во 31-та година, а мажите во 33 година бидејќи дури тогаш се чувствуваат пријатно околу сексот.

Интересно, иако сексуално не созреваат еднакво, мажите и жените најмногу сексуална самодоверба имаат во многу блиски години.

Жените се особено несигурни во својот изглед и сексапил во младите години, па не’ не чудат резултатите од едно истражување на портал за запознавање, кои покажале дека жените имаат најмала сексуална самодоверба во 25 година.

Но, шест години подоцна, во 31 година се наоѓаат на врвот од сексуалната самодоверба бидејќи се чувствуваат доволно искусно, што им дава сигурност во сексуалната моќ, а почнуваат да бидат задоволни од своите облини.

Мажите, од друга страна, на врвот од самодовербата се наоѓаат на 33 години и од истите причини, со додаток дека тогаш почнуваат да се чувствуваат пријатно и во однос на големината на нивниот пенис.

Инаку, истражувањето покажало дека секоја четврта личност ни најмалку не е задоволна од својот сексуален живот. Бидејќи добриот секс во  голема мера зависи и од квалитетот на врската, сексуалното незадоволство може да се поврзе и со фактот дека само 12 отсто од испитаниците биле задволни од својот живот во целост.

Интересно е и дека речиси ист број луѓе потврдиле дека сегашниот партнер е најдобриот што го имале, а дека сексот има влегол во рутина е 33 спрема 30 отсто.