Жените во АРМ ќе го сменат стереотипот за армијата

Интеграцијата на жените во војската ќе го смени ставот за армијата како институција, истакна денеска министерот за одбрана, Талат Џафери на презентацџијата на студијата за положбата на жените во вооружените сили на земјите од западен Балкан.

Според него, иако во оваа област е постигнат голем напредок вооружените сили се’ уште се соочуваат со предизвици на кои треба напорно да се работи.

Оваа студија, рече Џафери, ќе послужи како основа за донесување одлуки во контест на целосна примена на постулатите на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на Обединетите Нации, во зајакнувањето на улогата на жената во вооружените сили.

Заменикот на постојаниот претставник на УНДП во Македонија,Алесандро Фрачасети, рече дека оваа студија ќе послужи за разбивање на стереотипите дека воената професија е исклучително машка професија.

„Тоа се покажа како неточно, во 2012 година жените беа многу успешни во воените обуки. Тоа го покажува и фактот дека тие беа и во ’топ 10’ лицата кои ги поминаа основните обуки“, рече тој Фрачасетини.

Во Армијата на Македонија жените во копнената војска се застапени со 4,01 отсто и 4,89 отсто во воздухопловството и противвоздушна одбрана. Жените процентуално најмногу се застапени во другите служби во вооружените сили, во кои спаѓаат, на пример, цивилни лица во воена служба, медицински персонал, административен персонал, воена полиција, резервисти со целесно работно време или пола работно време.