Женска трка во Скопје за подобар спортски живот

Tрета женска трка ќе се одржи во недела во Градскиот парк во Скопје. Манифестацијата е под покровителство на Град Скопје и е една од промотивните трки на Виз Ер Скопскиот Маратон 2015.

Целта на женската трка е превенција од заболувањата кај жените преку активно вежбање и привлекување на што поголем број жени да ги остават секојдневните обврски и  да се вклучат во некоја од трките на Виз Ер Скопскиот маратон 2015.

Трката, којашто се организира со сите навладини организации коишто ја имаат истата цел, односно подигање на свеста кај жените да почнат да се занимаваат со физичка активност, нема натпреварувачки карактер. По завршувањето на трката, во која сите што ја завршиле се победнички и учеснички во лотарија,  ќе се организира извлекување на среќните добитнички на кои ќе им бидат доделени награди од спонзорите.

Стартот е во Градскиот парк кај Школка. Во 10:30 почнува загревањето со аеробик вежби, а во 11 часот стартува трката во која учесничките ќе треба да истрчаат 1.000 метри, односно еден круг околу Градскиот парк.

Трките од овој карактер постојат насекаде низ светот со иста цел- подигање на свеста на жените дека никогаш не е доцна да се почнеме со некоја спортска активност.