Женски речник – зборови што во никој случај не треба да ги сфатите дословно

Мажите и жените често не говорат со ист јазик. Кога станува збор за женскиот речник, правилата се доста едноставни. Барем тие така си мислат. Жените не го мислат секогаш она што го говорат, па потребно е да ги препознаете опасните зборови во женскиот речник за да ги избегнете незгодните расправии.

  1. Сеедно – ова жените го велат кога мислат „Не ми е грижа“.
  2. Ништо! – на прашањето „Што не е во ред?“, одговорот најчесто е „Ништо“, но во нивните глави, голем број работи не се во ред, само сакаат самите да откриете за што се работи. Ова е еден од најлошите зборови во женскиот речник, затоа што после него најчесто следи олуја.
  3. Добро – збор со кој се завршува расправата и се дава до знаење дека во овој миг најдобро е да замолчите.
  4. 4.Само напред – немојте ова да го протолкувате како одобрување затоа што во овој случај станува збор за предизвик, или нешто како: Само пробај.
  5. Во ред – кога ќе го слушнете овој збор, можете да бидете сигурни дека ништо не е во ред, затоа што ова е начин на кој жените ви велат дека ќе размислат на кој начин ќе им платите за грешката.
  6. Благодарам многу – треба да правите разлика помеѓу „благодарам“ и „благодарам многу“, благодарам е за искрена благодарност, а второто е сарказам и во никој случај не смеете да одговорите со „нема на што“.
  7. Нема врска, јас ќе го направам – тоа значи дека многу пати ве замолиле нешто да направите, а вие не сте го направиле.
  8. Мерење на времето – ако се шминкаат и се подготвуваат 5 минути, тоа значи половина час, ако вие имате намера да гледате натпревар уште пет минути пред да помогнете да го исчисти станот, во тој случај 5 минути се 5 минути.
  9. Гласна воздишка во женскиот вокабулар всушност значи: Ти си идиот и залудно го губам времето со тебе.