Женски труп изваден од Вардар

Мртво женско тело во фаза на распаѓање било пронајдено утринава во водите на Вардар кај скопско Злокуќани.

Телото го забележал рибар околу 7:30 часот, по што случајот го пријавил во полиција, пренесува МИА.

Оттаму информираат дека се работи за постара жена, но идентитетот се уште не е познат.

Телото е предадено на обдукција, а во текот на утрешниот ден се очекуваат повеќе информации.