Женски труп пронајден во Младо Нагоричане

Безживотно женско тело било пронајено вчера попладне во кумановско Младо Нагоричане.

Жител на селото вчера во неговата нива го забележал трупот. По преземени мерки телото е идентификувано и утврдено е дека се работи за Љиљана С.(68) која на 10.06.2015 година била пријавена за исчезната.

По наредба на Јавното Обвинителство телото ќе биде предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Се претпоставува дека причина за смрт е удар на гром.