Женски труп пронајден во Вардар

Мртво тело на жена било пронајдено во водите на реката Вардар близу селото Студеничани, објави порталот „Плусинфо“.

Случајот бил пријавен во полиција во 14.30 часот. Пријавувачот кажал дека во реката во близина на задругата е забележано женско тело во почетна фаза на распаѓање.