Женските потпетици имаат моќен ефект на однесувањето на мажите

Носењето на чевли со висока потпетица може да биде своевидна тортура, но науката вели дека има свои предности: мажите се подготвени на улица да помогнат на жени кои носат високи потпетици.

Во серија на француски студии неодамна објавени во списанието Archives of Sexual Behavior, истражувачите го истражија начинот на кој видо на чевлите влијае на подготвеноста на луѓето да помогнат на странци.

Во првите две студии, жените носеле рамни чевли, потпетица од 5, потпетица од 9 сантиметри, а за задача имале на улица за помош да прашаат 270 мажи и 180 жени. Жените кои носеле високи потпетици во овој експеримент имале поголема среќа кај мажите, додека жените биле подготвени да помогнат без оглед на висината на потпетиците.

Во втората студија жените со рамни, ниски и високи потпетици имале задача да испуштат ракавица во близина на минувач или минувачка. Истражувачите по 360 примери забележале повторно дека мажите се повеќе подготвени да помогнат на жените во високи потпетици, додека висината на потпетиците немало никакво влијание на жените минувачки.

Уште една студија покажала машка заинтересираност за високи потпетици: истражувачите експериментот од улица го префрлиле во три различни кафулиња, па мереле колку време било потребно 36 мажи да пријдат на овие жени кои седеле сами. Кој би помислил – мажите приоѓале на жени во високи потпетици.

Не треба да се биде гение за да се види за што се работи; високите потпетици се неверојатно секси, па несвесно се поврзуваат со атрактивни жени. Авторите на студијата заклучиле дека висината на женските потпетици има исклучително моќен ефект на однесувањето на мажите.