Женско авто-рели во Гази Баба

Во Скопје денеска ќе се одржи 11-то Женско авто-рели во организација на Примо АВЈ и НВО Собз , а во соработка со Град Скопје и Општина Гази Баба.

Единствената женска автомобилска манифестација 11-то Женско авто-рели на којашто учествуваат припадничките од понежниот пол е еднодневен спортски, најпознат и најпопуларен мартовски настан со учество на љубителките на автомобилите и автомобилизмот, а преку кој се спроведува и кампањата за поголема безбедност во сообраќајот.

Настанот започнува во 11 часот на плоштад Гази Баба, стартот е во 11.30 часот, а целта е кај ресторан „Ден и ноќ“.

За учество потребни се жена возач и совозач, сериски автомобил со исправна сообраќајна документација, спортски дух со желба за добра и несекојдневна забава.

Се вози по градската сообраќајна мрежа со почитување на сообраќајните правила и прописи, а има и испит на снаодливост.