Политика

Жерновски бара поништување на лицитацијата за распродавање на градежното земјиште во центарот на Скопје

Жерновски бара поништување на лицитацијата за распродавање на градежното земјиште во центарот на Скопје

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, укажува на штетата која и се прави на општината и на жителите, според него од скандалозното и багателно распродавање на атрактивното градежно земјиште во центарот на главниот град на државата и затоа бара Владата да ја поништи оваа скандалозна лицитација.

Според соопштенето испратено од Општина Центар, премиерот Никола Груевски не нашол време да им каже на граѓаните дали знаел и дали лично тој ја дал наредбата за 71 денар да се продаде неизградено градежно земјиште во центарот на Скопје.

„Премиерот никако да даде одговор по кои критериуми Владата го распродава државното земјиште во центарот на Скопје за само едно евро по метар квадратен, додека граѓаните плаќаат во просек по 1.000 евра за квадрат. Премиерот треба да им објасни на граѓаните што сакаат да си ги дооформат своите дворни места на државата, зошто тие мора да плаќаат по 300 евра за метар квадратен, а неговиот министер за транспорт и врски проценил дека тоа земјиште чини само едно евро за квадрат?“, се вели во соопштението од Општина Центар.

На првата наредна седница, на предлог на Жерновски, по трет пат ќе стави точка на дневен ред за преземање на управувањето со неизграденото градежно земјиште во Центар.