Жерновски до Груевски:Дали знаевте за криминалот во „Скопје 2014“?

Излезете јавно и кажете дали, по аргументираните докази од ревизијата , има или не криминал во проектот „Скопје 2014 и дали Вие знаевте за тоа, прашува градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски во отвореното писмо упатено до премиерот Никола Груевски.

 

„Дали и за Вас, како за партијата чиј лидер сте, милионите евра злоупотребени пари, и тоа само за штетните договори за лиење и мермер за 11 споменици, се „само“ 8 милиони и се мала и багателна сума? Пет дена молк и од министерката за култура, преку чие министерство се префрлаа парите и хонорарите за спомениците . Госпоѓо Канческа Милевска, не знаевте и Вие или намерно ја заобиколивте вистината кога по изборите излеговте на прес-конференција и проектот „Скопје 2014“ се обидовте да го продадете како патриотска и чесна приказна?“, пишува Жерновски во писмото.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.