Жерновски ги репризираше бомбите на Заев

Опозициската СДСМ и нивните коалициони партнери продолжуваат со објавување на нелегално добиените снимки од прислушувањето наприватни телефонски разговори на високи функционери во Владата на Република Македонија и новинари. Овој пат, наместо лидерот на СДСМ, Заев, новата т.н. бомба 9 ја објави градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

На пресконференцијата беа објавени повеќе телефонски разговори на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, директорот на УБК Сашо Мијалков, претседателот на Владатата на Република Македонија Никола Груевски, новинарот Драган Павловиќ – Латас.

Она што посебно падна во очи е тоа што Жерновски овој пат ги репризираше разговорите од т.н. „бомба 7“ на лидерот на СДСМ Зоран Заев, со која наводно се потврдува како што велат тие, изборниот грабеж во општина Центар.

По ова се поставува прашањето, дали откако бомбите на Заев не наидоа на голем интерес кај пошироката јавност и откако не го постигнаа очекуваниот ефект, Жерновски мораше да ги репризира?

Инаку, Жерновски на прес конференцијата најави дека во следниот период опозицијата ќе започне со презентација на нелегално стекнатиот материјал во другите градови од републикава.

Инаку, што се однесува до излезот од политичката криза, тој ги повтори барањата што претходно денеска ги најави за медиумите, а тоа се оставка на премиерот Никола Груевски, оставка на јавниот обвинител Марко Зврлевски, оставка на раководството на МРТВ и формирање на преодна влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.