Македонија,Политика

Жерновски го прави Центар по теркот на Тирана

Жерновски го прави Центар по теркот на Тирана

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски најверојатно за изгледот за фасадата на зградата „Папагал“ во центарот на Скопје зел пример од зградите во Тирана, бидејќи како што тврдат од ВМРО ДПМНЕ такви шарени фасади на Балканот може да се видат само во главниот град на Албанија.

Томислав Лазаров од ВМРО ДПМНЕ вели дека откако Жерновски ја промовираше новата фасада на зградата „Папагал“ граѓаните на Центар конечно може да направат споредба меѓу работата на градоначалникот на Центар и градоначалниците од редовите на владејачката партија.

„Цврсто веруваме дека вкусот “Све ми боје лепо стоје” на Андреј Жерновски е далеку од оној што треба да биде во една од најзначајните општини во Скопје. Радосни сме што конечно граѓаните можат да видат која е алтернативата кога е во прашање излгедот на Општина Центар.  Ред е сега на граѓаните да кажат дали повеќе им се допаѓа фасада како онаа на зградата кај ресторанот Пелистер или фасади од албански тип видени само во Тирана, како онаа на зградата Папагал“, вели Лазаров, координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ во општина Центар.

Лазаров вели дека дури сега им е јасно зошто Жерновски не  се согласувал со фасадите на објектите обновен и изградени од ВМРО ДПМНЕ.

Од СДСМ засега немаат став околу „естетскиот вкус“ на Жерновски. На дали се согласуваат со „албанските фасади“ на Жерновски, потпретседателот на партија вели дека првпат слуша за таков тип на фасади.

„Искрено првпат слушам за таков тип на фасади и немам некаков став зошто навистина првпат слушам за овој термин…Слушнав дека папагал ја викаат. Но, тоа е прашање за општината Центар, прашање на вкус и доем и немам ништо повеќе што да кажам“, вели Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ.

Новата фасада на зградата беше промовирана пред два дена и веднаш наиде на реакции во јавноста.