Жерновски мора да ги потпише градежните дозволи за реконструкција на ГТЦ

На референдумот што вчера се одржа во општина Центар излегле 17.655 гласачи, кои одговараа на прашањето дали треба да се задржи автентичниот изглед на Градскиот трговски центар во Скопје. Од тие што излегле дури 16.836 одговориле „За“, наспроти 659 кои одговориле негативно. Сепак, тоа не беше беше доволно, бидејќи не излегоа над 50 проценти од запишаните граѓани.

Според тоа, референдумот е неуспешен бидејќи на гласањето излегле 43.560 гласачи, што е малку повеќе од 40 проценти, констатираат од изборната комисија во Центар.

-Референдумот може да се смета за неуспешен бидејќи не излегоа половина од запишаните 43.560, односно нешто повеќе од 40 проценти – велат од општинската изборна комисија во Центар.

Според познавачите на состојбите во општината, Андреј Жерновски мора да ја почитува одлуката, односно резултатот од референдумот и да ги потпише градежните дозволи за реконструкција на објектот.

Одлуката за изгледот на ГТЦ во барок е донесена од Општина Центар со ДУП „Мал ринг“ во мандатот на поранешниот градоначалник Владимир Тодоровиќ. Со одлука, пак, на Град Скопје сите детални урбанистички планови на општините треба да се усогласат  со ГУП на градот Скопје.