Македонија

Жерновски политички ја подели новогодишната прослава

Жерновски политички ја подели новогодишната прослава

Апелот на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, општините да не организираат посебни новогодишни прослави, за да можат граѓаните заеднички да се дружат на централната манифестација која традиционално се организира на градскиот плоштад, годинава не го послуша Центар. Како и лани, и сега за Нова година, оваа општина  ќе организира забава за граѓаните, поради, како што велат добриот прием на минатогодишната манифестација, која траеше  четири дена. Општина Центар годинава ќе го организира настанот „Град во Градот 2“, а деталите  за настанот и за  учесниците ќе ги објави градоначалникот на прес-конференција.

Украсуањето на локаците во оваа општина е веќе во тек. Новогодишно се декорираат улиците Максим Горки, Орце Николов, Никола Вапцаров, Ѓорги Пешков, Михаил Цоков, Народен Фронт, Раде Кончар и скверовите што се наоѓаат пред општината и општинскиот двор, скверот Јадран, скверот Капиштец и скверот Буњаковец.

„За секоја локација различно ќе се користат мрежи со сијалички, мрежи “светлосно небо“, ЛЕД сијалици, новогодишни елки, светлосни фигури и тунели, светлосни портали и новогодишна фонтана. Украсувањето ќе биде во црвено-бела боја, боите на општина Центар. Украсувањето  кое го спроведува фирмата „ Линк Медиа“ треба да заврши најдоцна до 10 декември“, велат од општина Центар.
За оваа намена од буџетот на општината се издвоени околу 2.5 милиони денари.

zer

Во општина Општина Карпош годинава нема да се организира посебен настан за дочек на Новата година. На плоштадот „Делфина“ во населбата Влае, се поставува новогодишна елка со висина од девет метри, која ќе го краси овој простор за новогодишните и божиќните празници. Освен елката, ќе бидат поставени и други разнобојни светилки кои дополнително ќе го разубавуваат плоштадот. Задолжена за украсувањето и тука е фирмата „Линк Медиа Плус“, а буџетот за оваа намена е до  8 милиони денари со ДДВ.

Истата фирма ги  декорира и улиците во општина Кисела Вода.  За оваа намена годинава општината одвоила нешто помалку од 2 милиони денари.  Новогодишно ќе биде украсен влезот во Кисела Вода од рампа до споменикот Тодор Александров, паркот спроти општинските бараки кој се наоѓа помеѓу булеварот  Борис Трајковски и улицата Христо Татарчев, потегот од паркот спроти општината па се’ до крстосницата со улицата Народни Херои, скверот околу црквата св. Петка, почетокот на улицата Огњан Прица па се’ до крајот на улицата каде што започнува улицата Димо Хаџи Димов, како и украсување на местото викано Шампионче. Во Новогодишни бои ќе засветат и парковите Шопен и Македонија,  влезот на Пинтија по булеварот  Борис Трајковски, влезот на населба Драчево се’ до бензинската пумпа и Паркот на Бранителите во населба  Драчево.

Буџетот на општина Гази Баба за новогодишното украсување изнесува околу 1 милион денари, а истата сума ќе ја потроши и општина Ѓорче Петров, каде што тендерската постапка за избор на фирма изведувач е во тек.

Општина Аеродром годинав ја поддржува централната прослава на Град Скопје и ги упатува граѓаните да прославуваат на скопскиот плоштад. Оваа општина веќе заврши со украсувањето од  Железничката станица, па сè до почетокот на Горно Лисиче, со украси кои ги набави уште во 2010 година, со што веќе неколку години заштедува пари од буџетот што би требало да се издвојат  за оваа намена 

Аеродром традиционално и оваа година симболично веќе ги украси со новогодишни сијалички средишните жардиниери на трите главни булевари Кузман Јосифовски-Питу, Јане Сандански и Видое Смилевски-Бато, поточно 

Оваа година сијаличките ги закачуваше фирмата „Елтра”, која е избрана за тековно одржување на јавното осветлување и која има обврска да ги постави и да ги раскити сијаличките. Тоа значи дека, оваа година Општина Аеродром не дава ниту денар за новогодишното украсување.

Поради градежните работи, традиционалната новогодишна прослава, Градот годинава ќе ја организира на Плоштадот Пела,  а елката ќе се постави пред објектот Лумикс, како и минатата година. 

slika1