Македонија

Жерновски се фалеше со гасификација на училиште што не е во негова надлежност

Жерновски се фалеше со гасификација на училиште што не е во негова надлежност

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски минатата година го означи отпочнувањето на гасификацијата на ОУ „Димитар Миладинов“, за чијашто гасификација всушност, како што самиот изјави на денешната Седница на совет, општината не е надлежна, пишува порталот Курир.

Имено на денешната 25.седница на Советот на општина Центар, додека советниците расправаа за кварталниот извештај за работата на општината, советникот од ВМРО-ДПМНЕ Сашо Трпески му упати прашање на градоначалникот, зошто во самиот извештај нема дел на средтсва за гасификација на обејкти кои се под надлежнсот на општината Центар.

Иако Жерновски за време на отпочнувањето на гасификацијата на ОУ „Димитар Миладинов“ се фотографираше во први редови заедно со преседавачот на општината Мирослав Шиповиќ, тој денеска призна дека гасификацијата на истото училиште не е под надлежност на општина Центар.

„Градот Скопје даде објасение дека има потишано договор со Владата, гасификацијата да оди исклучиво преку градот Скопје. Немам намера да вршам гасификација на нешто што ќе бдие превземно потоа“, рече Жерновски на денешната седница.