Македонија

Жесток револт и мобилизација на граѓаните за шпионажата на Заев и Верушевски

Жесток револт и мобилизација на граѓаните за шпионажата на Заев и Верушевски

Граѓаните масовно спонтано се собираат на социјалните мрежи да го искажат својот жесток револт за шпионажата на Зоран Заев и Верушевски, објави порталот Курир.

Повикот гласи: „Да се обединиме против внатрешните пријатели! Да го искажеме револтот против предавниците! Да го искажеме нашиот револт! Ова мора да престане!“

-Ова што денеска ни беше обелоденето е жив срам за нашата држава и за нашата нација! Очигледно е дека самите од себе си патиме и дека треба конечно да се стави крај на работењето против нашиот народ, против нашата татковина. Неколку пати ја продадоа Македонија, името и го сменија, знамето и го сменија, а еве сега и сакаат да не продадат на странски служби. Ние сме МАКЕДОНЦИ и треба да си ја чуваме нашата МАКЕДОНИЈА!  Да се собереме спонтано и да го искажеме нашиот револт кон ваквото однесување! АЈДЕ МАКЕДОНЦИ – ТАТКОВИНАТА Е ВО ПРАШАЊЕ ! ДА СТАВИМЕ КРАЈ НА РАБОТАТА НА ПРЕДАВНИЦИТЕ! ТИЕ СОРАБОТУВААТ СО СТРАНСКИ РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ! НЕ СМЕЕМЕ ДА ИМ ПРОСТИМЕ НА КОДОШИТЕ И ШПИУНИТЕ! Оваа порака е испратена преку социјалните мрежи.

povik_2

povik_3

За денес во 17 часот имаат најавено собир кај Жена парк, каде сакаат да го искажат гневот за дејствувањата на штета на Македонија.

Граѓаните таму бараат шпионите да бидат казнети и да не се дозволи никој на овој или сличен начин да и нанесе штета на Македонија и на македонските граѓани.