Спорт

Жестока тепачка меѓу ракометарите на Словенија и Украина

Жестока тепачка меѓу ракометарите на Словенија и Украина

Македонската ракометна репрезентација загуби од Словенија на првата контролка пред стартот на Европското првенство во Данска, но не доби ќотек.

Но , затоа на квалификацискиот меч за СП 2015, се случи жестока тепачка меѓу ракометарите на Словенија и на Украина. Инцидентот се случи во 46.минута, кога Словенецот Зорман и украинскиот ракометар Шевелев почнаа турканица, која подоцна се претвори и во општа тепачка меѓу поголем број ракометари. По ова натпреварот беше во прекин повеќе од половина час, а на крајот Словенија победи со 35:23 и се пласира на СП.