Македонија,Крими хроника

Жестока тепачка во Влае

Жестока тепачка во Влае

Во Порта Влае кај „Зегин“ имало тепачка во која учествувале повеќе лица од Скопје.

Од страна на Итна медицинска помош во болница пренесени биле: Б.С., кај кој од страна на доктор е констатирана тешка телесна повреда (фрактура на нос) и Е.И. кој се здобил со фрактура на рака.

Додека Г.С. се здобил со тешка повреда (бил повреден со нож во пределот на десната натколеница).

Во Ургентен Центар пренесен бил Д.В. кај кој од страна на доктор констатирани се тешки телесни повреди (фрактура на десна слепоочница).

Полициската станица -Карпош презема мерки за расчистување на случајот.