ВИДЕО: Жестоки борби во Славјанск – 4 мртви, 30 ранети

Жестоки борби се водат во украинскиот град Славјанск и во неговата околија, во Доњецката област, во кои загинале четири лица, а околу 30 се ранети.

Според информација, која ја објави украинската новинска агенција УНИАН, во борбите загинале четворица припадници на министерството за внатрешни работи на Украина.

Исто така и 30-те ранети се припадници на украинските безбедносни сили.

„Тактиката на напаѓачите, е да се заштитат со жив штит од локалното цивилно население. Освен тоа, местните жители соопштуваат дека напаѓачите им ги палат домовите и пукаат во нив. Има жертви и меѓу локалното население. Борбите продолжуваат со несмален интензитет“, наведено било во информацијата до јавноста од прес-центарот на МВР на Украина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.