Жестоки навреди за Македонија и Македонците во изјава на Заев за „Еуроактив“

И по речиси една деценија во опозиција вината за катастрофалните порази СДСМ ја лоцира секаде освен кај себе. Македонците наводно не ја изразувале слободната волја и биле контролирани, а Македонија била диктатура – вака Заев во изјава за порталот Еуроактив ги претставува својот народ и држава.

„Македонија денеска не е слободно општество. Нема слободно изразување на волјата на граѓаните. Тоа е диктатура во која што гласачите и граѓаните се контролирани “, изјавил лидерот на СДСМ нагласувајќи дека ќе барал формирање на техничка влада.

Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, симптоматично е тоа што во рамките на истиот текст, порталот коментира дека демократските стандарди во Македонија се влошиле, со што била доведена во прашање релевантноста на препораката на Европската Комисија за одредување датум за старт на преговорите со ЕУ. Симптоматично, затоа што доаѓа непосредно по иницијативата на европратеникот Јоргос Шацимаракакис, кој што важи за близок до (про)опозициските структури во Македонија, ЕУ да и го укине кандидатскиот статус на Македонија. Иницијативата на Шацимаркакис се официјализираше непосредно по завршувањето на изборите и двојната победа на ВМРО ДПМНЕ.

Ова не е прв пат водството на СДСМ токму преку порталот Еуроактив да се обидува да им наштети на македонските позиции на меѓународна сцена, а особено во рамките на Европската Унија.

 

Македонската јавност беше згрозена од интервјуто на потпретседателската на СДСМ дадено за грчкото издание на Еуроактив, во кое што вината за отсуството на решение за проблемот што Атина го има со нашето уставно име таа ја лоцираше пред се кај македонскиот премиер Никола Груевски, тврдејќи дека тој не сакал решение на прашањето.

 

Очекувано, интервјуто на Шеќеринска беше максимално користено од страна на грчките политичари и дипломати за потврда на нивните анти-македонски тези на меѓународна сцена.