Жестоки реакции на ЕК по нападите и навредите упатени за Хан

Жестоки се реакциите од страна на Европската комисија по постојаните напади на СДСМ  и нејзиние новинари кон еврокомесарот Јоханес Хан.

Во реакцијата се вели дека нападите кон Хан немаат основа, како и дека наместо на напади, политичарите треба да се фокусираат на постигнувањето решение за излез од политичката криза, пишува Курир.

-Секое обвинување кое ја доведува во прашање непристрасноста на комесарот Хан и неговите напори да ги олесни разговорите кои треба да дојдат до решение на кризата се целосен нонсенс и немаат никаква основа. Напротив, комесарот, заедно со европските пратеници, земјите членки и САД, работи со напор и непристрасност за да се олесни компромисот помеѓу лидерите. Комесарот ја има целосната поддршка на земјите членки во овие напори чија цел е поддршка на земјата и граѓаните. Ние разговаравме со повеќе министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ вчера и тие целосно го поддржуваат нашиот пристап, вели Хан преку соопштението на неговата портпаролка.

Ваквата реакција доаѓа откако Геровски, Фрчковски, Сашо Ордановски распалија по еврокомесарот и го обвинија за пристрасност, бранејќи го Заев и неговото рушење на разговорите.

gero

Некои дури го обвинија и дека наводно Хан бил поткупен што е незамисливо и е само уште едно алиби на Заев за неуспех на преговорите. Ова е и шамар и за новинарите Васко Попетрески, Кате Блазевска кои се обидоа да ја буткаат оваа измислена и неточна теза само и само со цел да одработуваат за СДСМ.

Сите овие соросовци и опозиционери секогаш бараат виновник кој не се самите тие, а тие всушност се највиновни затоа што работат на спроведување мрачно сценарио против Македонија.

Овие новинари што зимаат пари од ЕУ се први во навредувањето на Унијата поради лични цели.

-Сега сме во ситуација кога токму позицијата на западните центри ја турка Македонија во поголема криза. Ако на една партија неформално и е оставена слободата да уценува и да се заканува со беззаконие, тогаш никакво решение, никаков компромис понуден од дома не може да ја стабилизира Македонија. Kако што никакво ад хок-решение однадвор нема да помогне ако тоа решение ги занемарува принципите кои се пропагираат како достигнат вредносен систем, пишува уредникот на Дневник Дарко Јаневски во својата колумна.

Однесувањето на Заев, пак, наиде на остра осуда и од Европската народна партија која е највлијателната политичка групација во ЕУ односно Европскиот парламент. ЕПП на ПС кажа дека однесувањето на лидерот на СДСМ е недоговорно и дека тој го одрече договорот кој го прифатил на 2 јуни. Со неговото однесување ја става во прасање европската перспектива на Македонија, во голем ризик да ја изгуби препораката. Тие го повикаа и да ги преиспита обвинувањата кон македонската влада.

-Владеењето на правото е поврзано со почитување на основните и демократските права. Затоа го повикувам Заев да ги преиспита своите обвинувања до македоснската Влада и премиерот Никола Груевски, да ја стави иднината на земјата на прво место и да го прифати и реализира договорот од 2 јуни што се постигна во Скопје со медијација на еврокомесарот Јоханес Хан, изјави претседателот на ЕПП, Педро Аграмунт.

-Со неговото однесување господин Заев ја става во прашање евроспката перспектива на земјата со голем ризик да ја изгуби препораката за отворање на пристапните преговори со ЕУ. Тоа е најлошото нешто што може да и се случи на земјата и ќе ги засегне нејзините граѓани, како и економскиот просперитет, вели Аграмунт.

Воедно ЕПП во своејата реакција посочува и дека Македонија покрај се постигнува добри резултати и одличен економски раст чии прогнози се дека е најголем во Европа за оваа година.

– Прогнозите велат дека Македонија треба да има највисок раст на БДП во Европа годинава. Во време на глобана криза тоа се добривести, но би го потсетил Заев дека политичката стабилност е клучна за економскиот развој. Однесување мотивирано од лични политички аспирации во било која форма е неприфатливо во демократско општество, што значи дека заканите од лидерот на опозицијата до премиерот не се соодветен начин за фер критика на Владата. Само политички аргументи и програми изгласани од граѓаните се демократски инстурменти за добивање на избори во деомкратски држави,нагласи Аграмунт.

И додека Европа ја критикува СДСМ поради нејзиното однесување, СДСМ е искучена од социјалистичката интернационала со која претходните години се фалеше. Тие не ја платиле чланарината, а чашата била прелеана со нејзиното вонинституационално делување кое спротивно на социјадемократските вредности што е јасен показател за СДСМ. Сите овие реакции се спротивно на ова што Заев го изјави по средбата во Брисел, а тоа дека за СДСМ работите се движат во посакуван правец.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.