Жестоки реакции на социјалните мрежи за последниот разговор

Јавноста со жестока осуда до Заев поради злоупотребата со објавувањето на приватни разговори на сопругата на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, пишува порталот „Курир“.

Опозицискиот лидер Зоран Заев на денешната прес-конференција пушти низа нови искреирани материјали, од кои последниот разговор кој Заев го пушти во јавноста предизвика жестоки реакции на социјалните мрежи.

Заев денеска отиде чекор подалеку во грубото нарушување на приватноста, па пушти разговор од, како што самиот тврдеше, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со неговата сопруга.

Од приватниот разговор кој Заев го пушти во јавноста немаше ама баш никаков доказ ниту за сомнеж за некаков криминал, туку само приватен разговор помеѓу министер со неговата сопруга во подоцнежните часови, кој не открива апсолутно ништо.

Ваквата срамна постапка на Заев наиде на жестоки реакции на социјалните мрежи.

kakov-kriminal500

-Не слушнавме каков криминал направила жена му на Миле, слушнавме само колку е расипан Заев, се вели во еден од коментарите.

-Скандалозно и расипано е што Заев објави разговор меѓу Јанакиески и сопругата…

-До таму ли стигна Заев, почна и приватни разговори меѓу министри со сопругите да објавува…

kakov-kriminal-1500

kakov-kriminal-250

Опозицискиот лидер кој претендира да ја добие довербата од народот, кој го препозна неговото сценарио и не му дава поддршка, масовно ги крши човековите права и гази врз основното право на приватност.

Експертите се децидни дека секој инволвиран во овие нелегални, криминални објавувања на приватни разговори треба да оди на суд. Тие сметаат дека едно од најголемите човекови права е приватноста и сите оние чија приватност е нарушена треба да го тужат тој што ги дистрибуира тие тајни, доверливи и приватни работи.